Подесување на должината на водилката (види слика C)
За чисто всисување и коректно поставување на граничникот за длабочина, водилката (2) мора да биде поставена на тој начин, што врвот на бургијата напред ќе лежи рамно на окцето за прав (8).
- Ставете ја саканата дупчалка во прифатот за алат на главата за дупчење.
- Притиснете го копчето (3), додека ја подесувате водилката (2) соодветно на должината на бургијата.
- Повторно отпуштете го копчето (3).
Напомена: За складирање на уредот за всисување притиснете го копчето (3) и извлечете ја водилката (2) нанадвор до крај. Со тоа ќе се ослободи пружината на водилката и ќе се зголеми животниот век на пружината.