Батеријата не се полни

Батеријата не се полни и црвениот приказ за контрола на температура/грешка (4) трепка црвено.
Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка
Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати.
Причина: Батеријата не е правилно вметната
Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.
Причина: Батеријата и контактите за полнење се валкани
Помош: Исчистете ја батеријата и контактите за полнење; на пр. со повторено вадење и ставање на батеријата.
Причина: Батеријата е дефектна
Помош: Заменете ја батеријата.

Батеријата не се полни и приказот (4) свети црвено.
Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење
Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).