Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°. Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-позицијата.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.

Проверка (види слика T1)

  • Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата за пилата (29) и сечилото за пилата на масата за пилата (29).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (49) по целата должина.

Подесување (види слика T2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (63) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник (63) навнатре или нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (62) не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (63).

Доколку по подесувањето, агломерот (55) не е во линија со 0° ознаката на скалата (56) олабавете ја завртката (65) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката (види слика W).

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (29) до жлебот (15) за 0°. Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извадете ја десната подеслива гранична водилка (19).
  • Свртете го десниот граничник (41) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Свртете го копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот со дршката (5) до крај кон десно.

Проверка (види слика U1)

  • Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 45° на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу масата за пилата (29) и сечилото за пилата десно на масата за пилата.

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (49) по целата должина.

Подесување (види слика U2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (40) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник (40) навнатре или нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (62) не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (40).

Доколку агломерот (55) по подесувањето не е во иста линија со 45° ознаката на скалата (56), најпрво проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е затегнато.
  • Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и вртете ја масата за пила (29) до жлебот (15) за 0°.
  • Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
  • Отстранете ги подесливите гранични водилки (19).

Проверка (види слика V1)

  • Поставете го аголниот триаголник (62) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (49) помеѓу граничната водилка (18) и сечилото за пилата на масата за пилата (29).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со граничната водилка по целата должина.

Подесување (види слика V2)

  • Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (64) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (24).
  • Свртете ја граничната водилка (18) додека аголниот триаголник не лежи прецизно по целата должина.
  • Повторно затегнете ги завртките.

  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-позицијата.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.

Проверка

Агломерот (55) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (56).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (65) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (29) до жлебот (15) за 0°. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

Агломерот (14) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (30).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (66) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.