Замена на брусната лента (види слика A)
- Навалете го целосно надолу затезниот лост (4). Брусната лента (2) сега е олабавена и може да се извади.
- Поставете ја новата брусна лента (2). Внимавајте да соодветствуваат правците на стрелките на внатрешната страна на брусната трака и на куќиштето на електричниот алат.
- Повторно вратете го затезниот лост (4) во стартната позиција.
- Подесете ја брусната лента (2) со копчето за подесување (8) така што да се постави на средината на движењето на лентата.
Внимавајте на тоа, лизгачката лента (2) да не дојде во контакт со куќиштето. Редовно проверувајте го движењето на лентата и доколку е потребно регулирајте го со копчето за подесување (8).
Избор на брусна лента
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање на површината, на располагање ви се различни брусни ленти:
Гранулација | ||
---|---|---|
За обработка на сите дрвени материјали | 40 – 320 | |
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо | 40, 60 |
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | средно | 80, 100, 120, 150 |
За завршно и фино брусење на цврсти дрва | фино | 180, 220, 280, 320 |