Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (6).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (5), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.