Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Капацитетот на отстранување при брусење на површини, во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и претходно избраната брзина на движење на лентата. Колку е повисока брзината на лентата, толку е поголем капацитетот на отстранување и е помазна површината што се бруси.
Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.
Работете со што е можно помал притисок на површината, за да го продолжите рокот на употреба на брусните ленти. Тежината на електричниот алат е доволна за добар капацитет на брусење. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и брусната лента.
Вклучете го електричниот алат и поставете го на површината која треба да се обработува. Работете со умерени движења, вршете го процесот на брусење паралелно и со преклопување кон брусните шини. Брусете во правец на влакната, доколку брусите попречно може да предизвикате груба абразија.
Особено при брусење на остатоци од лак, може да се случи тие да се стопат и да дојде до замачување на површината што се обработува и на брусната лента. Затоа работете со всисувач за прав.
Брусната лента со која сте обработувале метал, не ја користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Брусните ленти чувајте ги закачени и не ги виткајте, бидејќи ќе станат неупотребливи.
Со брусните рамки (опрема) може да обезбедите рамномерен капацитет на отстранување при рамно брусење на големи дрвени површини.