Замена на сечилото за пила

Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава (види слики c1c4)

Вадење на сечилото за пила

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (54) со клучот со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (17) и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното (53), додека не се вклопи.
  • Држете ја притисната блокадата на вретеното (53) и одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (54) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
  • Извадете ја стезната прирабница (55).
  • Извадете го сечилото за пилата (44).
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Монтирање на сечилото за пила

  • При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот капак!

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (56).
  • Поставете ги стезната прирабница (55) и завртката со внатрешна шестаголна глава (54). Притиснете ја блокадата на вретеното (53) додека не се вклопи и затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на стрелките на часовникот.
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Монтажа со SDS-болцни (види слика d)

Вадење на сечилото за пила

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Завртете ги SDS-завртките (23) и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното (53), додека истата не се вклопи.
  • Држете ја притисната блокадата на вретеното (53) и одвртете ги SDS-завртките (23) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
  • Извадете ја стезната прирабница (55).
  • Извадете го сечилото за пилата (44).
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Монтирање на сечилото за пила

  • При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот капак!

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (56).
  • Поставете ги стезната прирабница (55) и SDS-завртките (23). Притиснете ја блокадата на вретеното (53), додека не се вклопи и затегнете ги SDS-завртките во правец спротивен на стрелките на часовникот.
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.