Начини на работа

  • Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.

Олабавете го затезната рачка (22). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (12), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (12). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (22).

Доколку по отпуштањето на затезната рачка (22) не може целосно да се подеси длабочината на сечење, повлечете ја затезната рачка (22) од пилата и навалете ја надолу. Повторно отпуштете ја затезната рачка (22). Повторете ја оваа постапка, додека не ја подесите саканата длабочина на сечење.

Доколку по затегнувањето на затезната рачка (22) длабочината на сечење не може целосно да се фиксира, повлечете ја затезната рачка (22) од пилата и навалете ја нагоре. Повторно отпуштете ја затезната рачка (22). Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате длабочината на сечење

Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (15).

Олабавете ги пеперутка-завртките (6). Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (5). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките (6).

Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (23).

Ознаката за сечење 0° (9) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (8) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при сечење под агол од 45°.

За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.