Замена на алатот
- При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Во зависност од употребената глодалка, мора да ја замените затезната клешта со навртка за осигурување, пред вметнувањето на глодалката (6).
Ако е веќе монтирана правилната затезна клешта за вашата глодалка, следете ги чекорите за работа во следниот дел.
Затезната клешта мора да биде поставена со мал простор за маневрација во навртката за осигурување. Затезната клешта со навртката за осигурување (6) мора да биде лесна за монтирање. Ако навртката за осигурување или затезната клешта се оштетени, заменете ги веднаш.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (8) и држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го рачно вретеното на моторот, додека не се фиксира.
Одвртете ја навртката за осигурување во правец спротивен на стрелките од часовникот (6) со вилушкастиот клуч (21).
Отпуштете го копчето за блокада на вретеното.
Напомена: алтернативна можност за менување на затезната клешта (без притискање на механизмот за фиксирање на вретеното (8)): поставете два вилушкасти клучеви со помош на диедрон на вратилото, за да ја олабавите или затегнете навртката за осигурување (6).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги сите монтажни делови со мека четка или со издувување со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за алат (20).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
- Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
Според примената, глодалките се расположливи во најразлични изведби и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на глодалката (2) повторно на погонската единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на глодалката (2).
Ставете ја погонската единица (1) во корпата за глодање (2).
Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата за глодање (2).
Напомена: пеперутка-завртката (12) и завртката со нарецкана глава (3) може да се заменуваат едни со други.
- По монтажата секогаш проверете, дали погонската единица лежи цврсто во корпата на глодалката.