Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред во позиција „I“.

За исклучување на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад во позиција „0“.

Претходно избирање на број на осцилации

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.