Менување на брусните листови
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Достапно само со некои верзии на GSS 20-18 A електричниот алат:
Брусната плоча (6) е опремена со леплива лента, така што брусните листови со леплива лента може брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча (6) пред да ја наместите на брусниот лист (7), за да овозможите добро слепување.
Брусниот лист (7) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча (6), потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (7) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча (6).
❶ | Олабавете го затезниот стремен (5) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу. |
❷ | Вметнете го брусниот лист (7) под задниот терминален блок (4). Внимавајте брусниот лист (7) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (5) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
❸ | Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча(6). Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (8). Внимавајте брусниот лист (7) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (5) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
За да го извадите брусниот лист (7) олабавете ги двата затезни стремени (5) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (10) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика E).
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
Гранулација | ||
---|---|---|
За обработка на сите дрвени материјали | 40 – 240 | |
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо | 40, 60 |
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | средно | 80, 100, 120 |
За завршно и фино брусење на цврсти дрва | фино | 180, 240 |
За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса | 40 – 320 | |
За брусење на боја | грубо | 40, 60 |
За брусење на основната боја | средно | 80, 100, 120 |
За крајно брусење на основната боја пред лакирање | фино | 180, 240, 320 |