Подесување на хоризонталниот агол на закосување

Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика I)

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови :

лево

десно

45°; 30°; 22,5°; 15°

15°; 22,5°; 30°; 45°

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (15), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (16) и свртете ја масата за пила (12) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
  • Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (15).

Подесување на хоризонтални агли на закосување

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (15), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (16), свртете ја масата за пила (12) со копчето за фиксирање кон лево или десно и со помош на агломерот (17) наместете го посакуваниот хоризонтален агол на закосување.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (15).