Монтажа на поединечните делови
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
Монтирање на продолжниот држач (види слика A)
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила може да монтирате и продолжниот држач од левата и десната страна на електричниот алат.
- Одвртете ја безбедносната завртка (38) со крстест одвртувач од продолжниот држач.
- Навалете го електричниот алат.
- Ставете го продолжниот држач (21) на двете страни од електричниот алат до крај во соодветните отвори .
- За заштита од извлекување, завртете ја безбедносната завртка (38) повторно во продолжниот држач.