Вметнување/замена на сечилото за пилата
- При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
- Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (12).
Свртете го SDS-лостот (13) докрај во правец на стрелката. Вметнете го сечилото за пила (10) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (16).
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (9).
- Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.